На 27.11.2016 година, Св. ап. Филип; Св. Григориј Палама; св. цар Јустинијан (Бож. Поклади), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. По литургијата Митрополитот г. Јосиф, го посети храмот во изградба „св. Георгиј“ во с. Железна река – Гостиварско, и даде насоки за негово довршување.