Осветен камен темелник за нова фабрика за сокови на сопственикот Небојша Златески од Гостивар




На 01.12.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво изврши освет на камен темелник за нова фабрика за сокови на сопственикот Небојша Златески од Гостивар, и освет на камен темелник за нов магацин за дистрибуција на пијалаци на сопственикот Божидар Симуноски од Гостивар.