Воведение на Пресвета Богородица




На 04.12.2016 година, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовско архиерејско намесништво. На Светата литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.