Архиерејска Литургија на денот на свети Климент Охридски




На 08.12.2016 година, кога нашата помесна Црква го прославува денот на свети Климент Охридски, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан претстојателствуваше на света архиерејска литургија во соборната црква Свети Климент Охридски, во Скопје. На Архиепископот му сослужуваа митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, митрополитот Струмички г. Наум, митрополитот Повардарски г. Агатангел, митрополитот Брегалнички г. Иларион, митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф и митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, заедно со многубројно свештенство и ѓаконство.