На 11.12.2016 година, Св. 15 Тивериополски свешт-мч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станковски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Жарко Мицкоски и презвитер Александар Стојаноски. На Светата литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.