Во посета на домот 11ти Октомври




Митроплитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, заедно со естрадната група Маестро присуствуваа на Новогодишната престава во детскиот дом 11ти Октомври - Скопје. Митрополитот оствари средба со директорот на оваа институција г-ѓа Ристенка Атанасовска. Од името на Тетовско-гостиварската епархија Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и преставниците од групата Маестор на штитениците им поделија новогодишни пакетчиња, со што и оваа година ја продолжи воспоставената традиција на хуманитарна мислија и соработка до домот 11ти Октомври, како и со другите установи на кои им е потребна помош.