28ма недела по Педесетница




На 01.01.2017 година, кога светата црква го празнува св.мч Бонифациј, св. Григориј Омиритски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Жарко Мицкоски и презвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.