На 05.01.2017 година, на празникот посветен на Св. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. По литургијата  Митрополитот ги благослови кумските лебови. Покрај многубројниот народ на литургијата присуствуваше и Претседателот на Република Македонија г. Ѓорге Иванов со семејството. На литургијата пееше и градскиот женски хор „Менада“ од Тетово под водство на маестро проф.д-р  Ивица Зориќ. Црковниот одбор при манастирот „Св. Наум Охридски“ за верниот народ организираше трпеза на љубовта.

Проповедта на Митрополитот може да ја прочитате тука: