На 06.01.2017 година, Бадник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво богослужеше вечерна со Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Оваа година за прв пат со благослов на Mитрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, се организира бадникова поворка со мали дечиња кои што тргнаа од Соборните храмови од Тетово и Гостивар и се упатија низ градските улици, притоа посетувајќи повеќе православни семејства од градот испраќајки им го божиќниот благослов и пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“. Истиот ден во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ - Мала Речица Тетово се благословија кумските лебови и бадникот и се изврши водосвет. Во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, традиционално пред многуброен народ се одржа и божиќниот концерт на хорот „Менада“ и „Лале“ во организација на маестро проф. д-р Ивица Зориќ.