На 07.01.2017 година, на празникот Рождество на Господ Исус Христос - Божик, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „ Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот ги благослови кумските лебови.

ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!