На 18.01.2017 година, Водопост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот „Пресвета Богородица“ во Тетово,  отслужи Света Василиева литургија со вечерна богослужба, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво.  Верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата во дворот  на храмот изврши голем Богојавленски водосвет, и во духот на традицијата на Горно маало го спушти крстот во водите на базенот.