Богојавление - Водици во Тетово и Гостивар




На 19.01.2017 година, - Водици, Богојавление, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова Литургија во Соборниот храм Свети Кирил и Методиј – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. По литургијата митрополитот изврши голем Богојавленски водосвет во дворот на Соборниот храм во Тетово, и на реката Вардар во Гостивар.