На 20 јануари 2017 година, кога Црквата го слави Соборот на свети Јован Крстител, во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.