На 31.01.2017 година, св. Атанасиј Велики; св. Кирил Александриски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во храмот "св. Атанасиј" -Брвеница, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. Истиот ден во храмот "св. Атанасиј" - с. Седларце беа благословени кумските лебови.