На 05.02.2017 година, во Неделата на митарот и фарисејот; Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во Лешочкиот манастир, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.