На 12.02.2017 година, на празникот на Светите вселенски учители и светители Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка се богослужеше Света Златоустова архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Високопреосветениот Митрополит Европски г. Пимен во сослужение со Високопреосветените Митрополити Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. Верниот народ на литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Превземено од http://koe.mk/sveti-tri-svetiteli-2017/