На 15.02.2017 година, Сретение на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станковски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беше благословен кумскиот леб.

На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата може да ја прочитате во целост тука