На 19.02.2017  година, Недела Месопусна, Св. Фотиј Цариградски, Св.мч-чка Доротеја, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво Протопрезвитер Трпе Богојески, презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.