На ден 26.02.2017 година Прочка, во  Соборниот храм: „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Архиерејска литургија, во сослужение на протопрезвитер Предраг Исаевски, презвитер Александар Стојаноски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови таинства. Митрополитот произнесе беседа за простувањето и постот.

Истиот ден вечерта Митрополитот г. Јосиф, отслужи вечерна Богослужба, во сослужение на клирот на Тетовско-гостиварското архиерејско намесништво, по што беше направен според традицијата, чинот на меѓусебно простување.

Беседата може да ја прочитате во целост овде...