На 01.03.2017 година, во првата среда од Великиот пост во Соборниот митрополитски храм „Св. Кирил и Методиј„ се отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови. Со литургијата началствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. Православните христијани кој со пост и молитва се подготвуваа во изминативе денови, пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.