Нa 03.03.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи I акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Љубиша Блажевски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Перица Бојкоски, протопрезвитер Ненад Ѓорѓевски, презвитер Александар Стојаноски и презвитер Марјанчо Мадевски. По Акатистот митрополитот го подели Петолебието на верниот народ кој присуствуваше на богослужбата.