Тодорова Сабота




На 04.03.2017 година,  на Тодорова Сабота, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света архиерејска литургија во Соборниот митрополитски храм  „свети Кирил и Методиј„ во сослужение на протопрезвитер Предраг Исаески, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. Верниот народ кој со пост, молитва и исповед се подготвуваше, се причести со Светите  Христови тајни. По завршетокот на светата литургија, според преданието и во спомен на чудото на св.Теодор Тирон, од Митрополитот беше благословено Теодоровото коливо ( варена пченка со мед).