На 10.03.2017 година,  Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Литургија на Претходноосветени Дарови, во храмот „Св. Петка “ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни.