Средба со градоначалникот на општина Гостивар г. Невзат Бејта




На 10.03.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар г. Невзат Бејта. Митрополитот му заблагодари на градоначалникот и советот на општина Гостивар за одлуката која  е донесена од страна на советот за ослободување од плаќање на надомест за утврдување на правен статус на бесправно изградени верски објекти на територија на општина Гостивар.