II акатист на Пресвета Богородица




На 10.03.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи  II акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ -  Тетово,  во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Ивица Спасеноски, протопрезвитер Жарко Мицкоски и  презвитер  Александар Стојаноски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. По акатистот беше поделено на верниците и петолебие.