Неделата на свети Григориј Палама




На 12.03.2017 година, Во Неделата на свети Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р. Јосиф, богослужеше Света Василиева литургија во Лешочкиот манастир со свештеници од Тетовското и Кумановското архиерејско намесниство протопрезвитер-ставровор Мирко Станкоски, Игумен Теодосиј, Блаже Цековски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата беше отслужена панихида во спомен од 172 години од упокојувањето на нашиот преродбеник игуменот Кирил Пејчиновиќ.

Проповедта на Миотрополитот можете во целост да ја прочитате тука: