На 15.03.2017 година, во Средата од третата седмица од Великиот пост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот митрополитски храм „свети Кирил и Методиј“ во Тетово отслужи литургија на Претходноосветени Дарови, во сослужение на протопрезвитер Ивица Спасеноски и презвитер Александар Стојаноски. Верниот народ се причести со светите тајни Христови.