На 21.03.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со благослов на надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, во манастирот „Св. Петнаесет Тивериополски маченици“ богослужеше молебен и акатист на „Пресвета Богородица – Брзопослушница“. Молебниот и акатистот беше богослужен во присуство на свештеници од Струмичката и Тетовско-гостиварската епархија и благочестиви верници од Тетово и Гостивар кој со голема вера и љубов кон „Пресвета Богородица“ дојдоа да и се поклонат и да и дадат достојна почит. Струмичката епархија за поклониците од Тетовско-гостиварската епархија приреди трпеза на љубовта.