На 22.03.2017 година, Св. 40 Севастиски мч-ци – Младенци; Св. 40 Битолски нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше литургија на Претходноосветени Дарови во храмот „Пресвета Богородица“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата беседеше  Митрополитот г. Јосиф, кој говореше на тема:  „Сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети“ (2.Тим.3:12).