На 26.03.2017 година, четврта Недела на Великиот  пост – Св. Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Василиева Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, презвитер Александар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата може да ја прочитате во целост тука: