На 29.03.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Лешочкиот манастир со игуменот Теодосиј и презвитер Марјанчо Мадевски  читаше од Великиот канон на св. Андреј Критски. 
Помошник и Покровител на спасението ми стана, Он е Бог мој и ќе Го прославам, Бог на отецот мој, и ќе Го пофалам, зашто славно се прослави.
Помилуј ме, Боже, помилуј ме !
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на бедниот живот мој? И што да поставам како почеток на плачот мој сегашен, Христе? Но, како Благоутробен, дај ми прошка на гревовите.