На 31.03.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи  V  акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ -  Тетово,  во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер  Томислав Јосифоски, протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Дарко Наумовски, протопрезвитер Ивица Спасеноски, протопрезвитер  Жарко Мицкоски,  презвитер Александар Стојаноски, презвитер Марјанчо Мадевски и  ѓакон Илија Деспотовски. По богослужбата беше поделено Петолебието на верниот народ.