На ден 07.04.2017 година, на празникот Благовештение, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „ свети Кирил и Методиј“ во Тетово, отслужи вечерна со Златоустова литургија во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво. Пред литургијата Митрополитот благоизволи да го ракопроизведе, благочестивиот христијанин Бобан Трпковски од с. Теарце, за чтец. На литургијата верниот народ се причести со светите Тајни Христови. На крајот од литургијата Митрополитот произнесе соодветна празнична беседа, по  што беа благословени и кумските лебови.

Беседата на Митрополитот Тетовско-гостиварски може да ја прочитате тука