Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници




На 09.04.2017 година,  шеста Недела на Великиот пост – Цветна, Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова Литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер  Андон Андоноски,  протопрезвитер Трпе Богојески и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата  верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На  литургијата според типикот беа благословени и палмовите гранчиња.  
На крајот од литургијата Митрополитот произнесе соодветна празнична беседа која може да ја прочитате тука