На 13.04.2017 година, на Велики Четврток, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше вечерна со Василиева литургија, во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, презвитерАлександар Јанкоски и ѓакон Мартин Андоноски. По литургијата беше извршен маслосвет.