Вечерта на Велики Петок




На 14.04.2017 година, Вечерта на Велики Петок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Утрена и беа отпеани Статиите  на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Предраг Исаески, презвитер Александар Стојаноски и ѓакон Илија Деспотовски во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Во милозвучното пеењето на статиите учествуваше и градскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.