Велика Сабота




На 15.04.2017 година, на Велика Сабота, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше Вечерна со Василиева литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Дарко Наумовски, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Александар Стојаноски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. Пред литургијата Митрополитот го ракопроизведе во чтец богословот Ангел Василковски. На литургијата  многубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.