Воскресение Христово




Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, во Тетовско-гостиварската епархија пристигна благодатниот оган кој по божјата милост секоја година на чудотворен начин слегува во црквата изградена врз Христовиот гроб во Ерусалим. Неговото високопреосвештенство,  Митрополитот  Tетовско-гостиварски г. Јосиф, го пречека овој свештен благослов во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, а верниот народ палејќи ги свеќите од својот архиереј се исполни со благодатна радост.

По трикратниот опход околу храмот, Митрополитот  г. Јосиф отслужи света Златоустова литургија, а многубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ !!