На 20.04.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, по повод Велигденските празници беше на прием кај градоначалничката на Општина Тетово г-ѓа Теута Арифи. Градоначалничката во нејзино лично име и во име на Општина Тетово им го честита празникот на сите православни верници.  Митрополитот во оваа прилика  и заблагодари на градоначалничката и советот на општина Тетово за одлуката која  е донесена од страна на советот за ослободување од плаќање на надомест за утврдување на правен статус на бесправно изградени верски објекти на територија на општина Тетово.