Источен Петок – Балаклија




На 21.04.2017 година, Источен Петок – Балаклија, Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот епархиски архиереј  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со свештеници од Скопската и Тетовско-гостиварската епархија чиноначалствуваше на Светата Златоустова литургија во храмот  „Пресвета Богородица“ – Тетово. На литургијата согласно одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква (САС) – МПЦ бр: 48/31.03.2017 година, а на предлог на надлежниот архиереј на Тетовско-гостиварската епархија, на протопрезвитерот Томислав Јосифоски му беше доделен граден крст. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата во дворот на храмот беше извршен водосвет.