Недела 2-ра на Воскресение (Томина)




На 23.04.2017 година, Недела 2-ра на Воскресение (Томина), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир во сослужение на свештеници од Тетовското намесништво протопрезвитер Жарко Мицкоски и презвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни.