Во посета на Лешочкиот Манастир Свети Атанасиј




Со благослов на митрополитот Повардарски Агатангел,  ректор на МПБ, учениците и професорите од Богословијата го посетија Лешочкиот Манастир Свети Атанасиј, каде што беа пречекани од надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој ги запозна со историјата на манастирот и им го покажа манастирскиот комплекс.  За гостите беше приредена и трпеза на љубовта во манастирската трпезарија.