На 06.05.2017 година, На Св. вмч. Георгиј Победоносец, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во храмот „Св. Георгиј“ – с. Волковија, Тетовско. По литургијата се освети вода и се благослови кумскиот леб. Истиот ден во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Мала Речица,  и манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце митрополитот ги благослови кумските лебови и освети вода.