Пренос на мошти на Св. Атанасиј Велики




На 15.05.2017 година, Пренос на мошти на Св. Атанасиј Велики (летен), Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија  во Лешочкиот манастир, во сослужение со игуменот Теодосиј  и свештеници од Тетовското намесништво презвитер Александар Стојаноски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата Митрополитот ги  благословени кумските лебови.