Недела на слепиот




На 21.05.2017 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, изврши мало осветување на параклисот „Св. Николај“ с. Церово – Гостиварско. Параклисот е возобновен од семејството Миле и Бојан Смилкоски, кој во оваа прилика им беа додели благодарници од името на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија. Митрополитот Тетовско-гостиварски заблагодари на Ктиторите кои го возобновија овој прекрасен параклис, и  кој исто така е целосно зографисан.