Cветите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј




На 24.05.2017 година, кога Светата православна црква го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во Соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија во Тетово, посветен на светите солунски браќа, се отслужи света архиерејска Литургија. На литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Митрополитите Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот архиереј г. Јосиф. На литургијата беше збогатено и со пеење на женскиот хор „Менада“ под раководство на маестро Ивица Зориќ. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни.