Вознесение на Господ Исус Христос - Спасовден




На 25.05.2017 година, Вознесение на Господ Исус Христос -  Спасовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм  „Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер  Андон Андоноски, и ѓакон Мартин Андоноски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.