Работна средба со градоначалникот на општина Теарце г. Исен Асани




На 30.06.2017 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф оствари работна средба со градоначалникот на општина Теарце г. Исен Асани. Во оваа прилика градоначалникот го додели решението за утврдување на правен статус за Лешочкиот Манастир, кој со одлука на советот на општина Теарце е ослободен од плаќање на надоместок за легализација како значаен верски, духовен и културен објект.