Раѓање на Свети Јован Крстител - Иванден




На 07.07.2017 година, кога црквата го слави споменот на раѓањето на Светиот Јован Крстител Господов – Иванден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Jосиф во сослужение со  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Св. Јован Крстител“ – Кратово.   Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беше благословен кумскиот леб.