Недела петта по Педесетница




На 09.07.2017 година, Недела петта по Педесетница, Преп. Давид Солунски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Жарко Мицкоски, презвитер Александар Стојаноски, презвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.